
По премиерата на 30 мај, вечерва (1 јуни) од 20 часот во велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ ќе се изведе првата реприза на претставата „Галеб“ од Чехов во режија на Александар Ивановски.
Во претставата играат Славица Манаскова, Филип Христовски, Благојчо Стојанов, Сандра Танчев, Кире Ацевски, Симона Димковска, Јана Лефкова, Исидор Јовановски, Јордан Витанов и Фаик Мефаиловски.
Длабоки човечки драми, неостварени соништа и вечната борба меѓу љубовта и уметноста – се оживуваат низ визурата на режисерот Ивановски и актерската екипа на Театарот „Џинот“, велат од велешкиот театар.
Ова е втора премиера на Велешкиот театар годинава, финансирана од годишната програма на Министерството за култура и туризам.