На 29 ноември 2024 година, во просториите на МКЦ, во рамки на ПИН Музика Конференција, официјално беше претставена регионалната дигитална платформа „Creative Gate“.
Создадена од EXIT Фондацијата и фестивалот Таксират, „Creative Gate“ е дел од проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ (CC4WBs), финансиран од Европската унија. Оваа иновативна платформа е замислена како катализатор за развој на културните и креативните индустрии, поттикнувајќи дијалог и зајакнување на социјално-економските влијанија во регионот.
Со „Creative Gate“, културата добива ново место за раст и развој преку вмрежување, соработка и заеднички успеси. Оваа платформа е создадена да го поддржи секој чекор на креативците од регионот, овозможувајќи им простор каде нивните идеи можат да се трансформираат во значајни проекти.
На прес-конференцијата, инспиративни зборови за целта и визијата на платформата споделија: Клер Сирс од British Council, директорка за Западен Балкан; Алма Мрган-Слипичевиќ од UNESCO; Ида Силљановиќ од EXIT Фондацијата; Милош Ѓуроски, претставник на Represent Communications Skopje, кој зборуваше за развојот и дизајнот на платформата; Рамона Моња Кочишка, од Таксират Фестивал и домаќин на ПИН Музичката конференција.
Платформата „Creative Gate“ е координирана и поддржана од UNESCO, British Council и Италијанската Агенција за развој (AICS), со заедничка мисија да создадат одржлив и инклузивен креативен екосистем, кој го вреднува културното наследство и иновациите како темели за регионална соработка.
Пасворд Продукција апелира: Доколку раководите со културен центар, фестивал, или настан во областа на музика, филм, театар, танц, архитектура, визуелна уметност и други уметности, регистрирајте се на платформата и откријте ја магијата на соработката со вашите колеги од целиот Западен Балкан. Регистрирајте се на: https://creative-gate.org/register/
„Creative Gate“ има за цел да ги олесни соработката и размената на идеи, градејќи посилни врски меѓу културните заедници во регионот. Придружете ни се и заедно да го трансформираме Западен Балкан во уште поголем културен центар и инспирација за идните генерации!