Skip to main content

Најгледаната балетска претстава за деца „Доктор Офболи“ утре на сцената на Националната опера и балет

На 21 јануари со почеток во 19.00 часот ќе се изведе една од најгледаните балетски претстави за деца, „Доктор Офболи“.

Оваа класична балетска сказна ја прикажува вечната борба помеѓу доброто и злото, во која, како и секогаш, доброто ќе победи. Претставата ја плени најмладата публиката со прекрасната музика, живописните костими и сценографија и децата ја следат со големо воодушевување.

Кореографијата за оваа претстава ја создаде познатиот балет-мајстор од Русија, Михаил Крапивин, додека музиката е на Игор Морозов, работена е според сказната на К. Чуковски, а сценографијата и костимите се дело на Живојин Трајановиќ и Марија Пупучевска.Во претставата настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет, кои ќе ја пренесат оваа  возбудлива приказна на сцената.

Поврзани вести