Skip to main content

Музејот на современа уметност доби околу 5,8 милиони денари за годинашната програма, програмата вклучува 26 проекти од национален интерес

Музеј на современа уметност Скопје

Музејот на современа уметност (МСУ) Скопје од Министертвото за култура и туризам за реализацијата на програмата за 2025 година доби 5.842.370 денари. Програмата вклучува 26 проекти од национален интерес. Од нив 11 проекти се од музејска дејност и заштита на нематеријално културно наследство, 12 проекти од областа на визуелна уметност и архитектура, еден проект од областа на меѓународна дејност – вмрежување со сродни институции, еден проект од областа на литературата и издавачка дејност и еден проект од областа на инвестицијско одржување и адаптација.

Програмата пред новинарите денеска ја претстави директорот на МСУ Тихомир Топузовски.

Како што објасни Топузовски од 12-те поддржани проекти од областа на визуелна уметност и архитектура, шест се проекти од современи проектни продукции – од кои три самостојни изложби на авторите Ибрахим Махама, Џем А., Оливер Мусовиќ, три групни меѓународни изложби „Се што ни е заедничко“, „Земјата која се промислува постојано“ – креативен геофилозофски патопис и реципроцитетната изложба – „Ткаење светови: Колекции во разговор“.

фото: МСУ

Остантите програми вклучуваат изложба на Архитектонското творештво на Живко Поповски, потоа истражувачки проект посветен на 40 годишно творештво на Благоја Маневски.

Проектите, кои порано биле поддржани и оваа година имаат поддршка, а тоа се однесува на Интердисциплинарната програма, Биеналето на млади и МСУ Кино – Филмска програма. Исто така, поддржна е и патувачката изложба на избор од Француската колекција на МСУ Скопје.

Од музејската дејност и заштита на нематеријално културно наследство вклучени е еден проект од истражувачки вид – Истражувачки проект за творештвото на Јордан и Искра Грабулоски, и конзервација и реставрација на дела од колекцијата на МСУ од истоимените автори.

фото: МСУ

Топузовски кажа дека се подржани и проектите кои се поврзани со водење на публиката и претставување на музејските активности – Музејски водич, Тура на инклузивноста и Современа уметност за сите.

Со овие тури, како што се Музејски водич, Тура на инклузивноста и Современа уметност за сите се зголемува и посетеноста на МСУ, вели Топузовски.

Поврзани вести