Skip to main content

МКЦ објави конкурс за визуелни уметности што ќе се реализираат во 2026 година

Младинскиот Културен Центар – Скопје, врз основа на програмата за ликовна дејност објавува конкурс за визуелни уметности (самостојни и групни изложби, инсталации, мултимедијални проекти, перформанси), што ќе се реализираат во 2026 година.

Заинтересираните уметници, на еден документ да достават:

– концепт за изложбата

– кусa биографија

– контакт информации

Воедно, преку online сервис (WeTransfer и сл.) да испратат и фотографии од нивни дела (во висока резолуција) планирани за изложбата (ќе се разгледуваат само комплетни изложби).

Материјалите да се испратат на:

[email protected]

[email protected]

👤 Право на учество имаат сите заинтересирани ликовни уметници кои во Младинскиот Културен Центар – Скопје не изложувале во последните три години.

Конкурсот трае 20 дена.

Изборот на проектите ќе го изврши комисија составена од членови на

ЈУ МКЦ – Скопје и Град Скопје.

Средствата за проектите се обезбедени од Град Скопје

Поврзани вести