Skip to main content

Македонија го почитува Рацин: Само 6 часа по најавата дека ќе биде публикувано фототипно издание на култната книга „Бели мугри“ половина од тиражот веќе е резервиран!

Само шест часа по најавата дека ќе биде публикувано фототипно издание на култната книга на Рацин „Бели мугри“, по иницијатива и со поддршка на акад. Горан Калоѓера од Риека, Хрватска, половина од тиражот веќе е резервиран!, информираа од „Македоника литера“.

Попладнево заврши печатењето на книгата во 400 примероци (колку што бил тиражот на оригиналното издание во 1939 г.), околу 200 примероци веќе се нарачани од пријатели на акад. Калоѓера, од соработници на „Македоника литера“, но и од библиотеки и културни и образовни установи со кои соработува „Македоника литера“ и од други почитувачи на делото на Рацин.

„Бели мугри“ е меѓу најпечатените македонски книги, но очигледно посебно е привлечно изданието кое е фототип на оригиналот. И очигледно е дека Македонија го почитува Рацин.

Поврзани вести