
Вечерва, во 20 часот, во Културниот центар Београд, ќе се одржи концерт за пијано и саксофон, во изведба на Маја Поповиќ и Нинослав Димов. Македонскиот КИЦ во Белград, кој е организатор на овој музички настан, поддржан од Министерството за култура и туризам, продолжува да гради партнерски односи со познати културни инститиции, како што е една од најпознатите и најпопуларните, Културниот центар Београд, сместен на централната белградска улица, Кнез Михајлова бр. 5.
Македонските музички уметници вечер на белградската публика ќе и понудат богата музичка содржина, меѓу кои и три дела за пијано и саксофон од Димитрије Бужаровски.
Организатор на овој настан е нашиот КИЦ во Белград, а директорот Васко Шутаров, заедно со стручниот соработник за музичка програма на Културниот центар Београд Дамјана Његиќ, заеднички ќе ги најават македонските уметници и ќе го отворат овој музички настан.

Македонски


