Концертот „Times of Turbulence“ ќе се одржи на 20 ноември од 20 часот во малата сала на Македонската филхармонија.
На сцената заедно ќе настапат двајца врвни музичари чија соработка има силна меѓународна димензија: Јордан Костов (акордеон, Македонија) и Андреас Гинтер (пијано и саксофон, Германија).
Соработката меѓу Костов и Гинтер започна во Шангај во 2016 година, каде што двајцата беа дел од локалната музичка сцена и од мрежа на уметници од целиот свет. Од таа средба произлегоа бројни заеднички настапи во Кина, Јапонија, Германија, Босна и Македонија, како и учества на реномирани фестивали меѓу кои.
Во нивните настапи, импровизацијата е основен јазик, а музиката е простор за слобода, дијалог и културна размена.
Концертната програма „Times of Turbulence“ е инспирирана од патувањата, средбите и уметничките искуства на двајцата музичари. Во нивната музика се чувствуваат влијанија од различни земји и традиции, но и потребата да се зачува човечката блискост во време на брзи промени.
Акордеонот, пијаното и саксофонот се во постојан разговор: час смирени и длабоки, час немирни и остри создавајќи звук кој ја отсликува нашата современа турбулентност, но и можноста уметноста да ја смири.” – ќе кажат уметниците за својата програма.
Концертот е во организација на Гете институтот, со слободен влез.

Македонски








