Skip to main content

Драган Даутовски со концерт на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука

На археолошкиот локалитет Врбјанска Чука кај Кривогаштани, вечерва со почеток во 18:30 часот ќе се одржи концерт на Драган Даутовски. Настанот ќе биде надополнет со кратко предавање за неолитската населба и нејзиниот развој низ антиката и средниот век.

Како што соопштуваат организаторите, концертот е дел од традиционалните настани кои повеќе години се одржуваат на крајот од истражувањето на локалитетот Врбјанска Чука.

На овој начин културното наследство повеќе се доближува до пошироката публика, но воедно на оваа неолитска населба ѝ се дава нов контекст претворајќи ја во интимен концертен амбиент. А за оваа пригода веројатно нема посоодветен музичар од Драган Даутовски, кој со своето маестрално музицирање на неолитската топчеста флејта, ќе нѐ пренесе во светот на предисторијата и на Врбјанска Чука ќе ѝ го вдахне животот што таму бил присутен пред 8 000 години – стои во соопштението од Центарот за истражување на предисторијата кои го организираат настанот заендо со Прилепскиот џез викенд и Завод и музеј – Прилеп. 

Поврзани вести