
Во Културно-информативниот центар во Скопје, во Продажниот ликовен салон, вечер во 19 часот ќе биде отворена самостојната изложба на графики „Од раѓање до живот“ на уметницата Јована Тодоровска.
Тодоровска е дипломирана на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопје, на насоката графика во рамки на ликовната педагогија. Досега има реализирано самостојни изложби во Битола, Загреб и Њујорк, како и учество на околу 30 групни изложби.
Изложбата „Од раѓање до живот“ претставува циклус од 20 графики изработени во техника линолеум, во кои авторката преку симболика на бои и линии ги истражува различните аспекти и патишта на човековиот живот.
Поставката ќе биде отворена за посетителите до 2 јуни 2026 година.

Македонски


