
Во последната недела од Декември 2025 година, излезе од печат романот „НЕ ЗАБОРАВАЈ, АНГЕЛА“ од Љилјана Нелковска. Ова е прво прозно дело на авторката која досега има објавно три поетски книги.
Не заборавај, Ангела“ е вистинска приказна за љубовта и разделбата, за блискоста и далечината, за татковината и туѓината, за животот и смртта, за неверувањето и вербата. Напишан со нежност, романот е лелеаво левитирање, лебед во лет, болка, страст, живот, радост, семејство, вистинска љубов. Приказната се протега од Преспа до Јужна Америка и од Париз до Преспа. Нежност материјализирана во зборови, поезија која се претвора во драма, драмата во музика, музиката во слика, сликата во сеќавање. Меѓу овде и таму, меѓу вчера и утре, меѓу јас и ти, меѓу денот и ноќта, меѓу сонот и јавето, помеѓу.
“Ни една љубов не е без болка“Романот е предложен на годинешниот конкурс за Избор на роман на годината за 2025 година во организација на Фондацијата „Славко Јаневски“
Романот е достапен
во бибилиотеките и во литературните продавници во земјава, а од средината на Јануари 2026 година ќе биде достапен и на Amazon Kindle, како електронско издание, на македонски и на англиски јазик.

Македонски






