
Проектот „Промотивна турнеја – Тумба Маџари во основните училишта во Македонија“, реализиран од Д-р Перо Синадиновски, кустос во нашиот музеј, со поддршка на Министерството за култура и туризам, има за цел да го доближи археолошкото наследство до најмладите.
Турнејата започна на 18 февруари 2026 година и ги посетува училиштата во источна Македонија, пренесувајќи приказна стара околу 8000 години. Преку презентации, едукативен филм и интерактивни активности, учениците се запознаваат со неолитскиот локалитет Тумба Маџари – едно од најзначајните археолошки наоѓалишта кај нас.
Во фокусот е Големата мајка – симбол на животот и духовното наследство. Со флаери, стикери и постери, историјата станува подостапна и поинтересна за децата.
Целта е Тумба Маџари да стане дел од секое училишно искуство и да ја поттикне љубопитноста за нашето културно наследство уште од најрана возраст.

Македонски



