
По кратка пауза, Гостиварскиот театар подготвува уште една нова претстава.
„Хауситери“ е нов современ македонски драмски текст на Горјан Милошевски, кој низ хумор, напнатост и неочекувани ситуации зборува за луѓето што влегуваат во туѓите домови, но и во туѓите животи, за довербата, приватноста и границите што лесно можат да бидат преминати.
Претставата е во режија на Игор Ивковиќ, а играат:
Ирена Илиевска
Дарко Вељиќ (к.г.)
Ариан Ејупи
Сценографија и костимографија: Ирена Боневска-Чаловска
Пробите се во полн ек, а премиерата е наскоро!

Македонски



