
Лионел Меси е еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот, а сè започна од Барселона. Аргентинецот пристигна во Ла Масија, младинската академија на Барса, каде што го започна својот подем кон врвот. Лионел играше во Барселона долго време, освои сè што е можно, пред да замине во ПСЖ, а потоа и во Интер Мајами. Интересно е што Тијаго Меси, неговиот најстар син, сега ќе ги следи неговите стапки.
Тијаго има 14 години и ќе им се придружи на Каталонците во ноември кога ќе наполни 14 години. Сигурно сите очи ќе бидат насочени кон Тијаго, кој нема да има лесна задача, со оглед на тоа кој е неговиот татко.

Македонски


