
Скулпторот Озбек Ајваз ќе ја претстави својата втора самостојна изложба „Гласот на минатото” – скулптурална инсталација поставена во јавен простор.
Делото претставува уметнички потсетник на едно време кога читањето весници беше секојдневен ритуал, а вестите се примаа со трпение, внимание и доверба во изворите. Со својата форма и порака, скулптурата ја оживува културата на внимателно информирање, која денес сè повеќе исчезнува под притисок на онлајн медиумите, социјалните мрежи и инстант информациите.
„Гласот на минатото” не само што нè враќа во еден поинаков медиумски контекст, туку и предупредува за ризиците од брзината на современото информирање – полувистини, лажни вести и дезинформации што често се шират без проверка.
Проектот е финасиски поддржан од Министерство за култура и туризам на РСМ и Општина Центар