
Друштвото на ликовни уметници на Македонија – ДЛУМ распиша Kонкурс за прием на нови членови. Конкурсот започна вчера и ќе трае до 31 март 2025 година.
Пропозиции за прием во членство на ДЛУМ,
За прием во членство на ДЛУМ потребно е да ја подготвите следната документација и да ја доставите на следната он-лине апликација: https://www.tenevart.at/DLUM_form_konkurs_novi_clenovi.php
1. Диплома за завршен Факултет за ликовни уметности
2. Биографија
3. Да приложите фотографии од најмалку 6 дела испратени на мејл на ДЛУМ со резолуција 300 dpi
Именување на фајловите со фотографии – со кирилично писмо и македонска поддршка:
– име и презиме , „наслов на дело“ , техника , димензии , година на создавање
4. Да донесете во просториите на ДЛУМ едно од 6-те дела претходно доставени како фотографија, комплетно опремено во галериски формат
5. Да уплатите за Конкурсот за прием во членство на ДЛУМ со приложена копија на уплатницата.
Примач: ДЛУМ-Скопје
Трансакциска сметка: 210 040 911 320 116
НЛБ Банка
Износ: 1.500,00 ден.
Цел на дознака: За прием во членство на ДЛУМ
ВРЕМЕ ПЕРИОД ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ЛИКОВНИТЕ ДЕЛА
Делото за конкурсот треба да го донесете во канцеларијата на ДЛУМ, Дом на АРМ, на 2.04 и 3.04.2025 од 15:00 до 18:00 часот. За прием на новите членови ќе одлучува Уметничкиот совет на ДЛУМ.
Сите кои имаат потреба од техничка помош со он-лајн апликацијата, нека се обратат на мејлот на ДЛУМ dlum.mkd@gmail.com.