Skip to main content

Драмски театар со монодрамата „Кармен“ на театарски фестивал во Молдавија

Со монодрамата „Кармен“, Драмски театар Скопје утре ќе учествува на 13. Меѓународен фестивал на камерни театри и малите театарски форми“ во Кишњев, Молдавија.

Фестивалот се одржува од 23 до 29 јуни на сцената на Државниот Младински театар во Кишњев со учество на театри од тринаесет земји меѓу кои: Германија, Канада, Соединетите Американски Држави, Јужна Кореа, Израел, Македонија, Романија, Турција, Косово, Киргистан, Азербејџан, Казахстан и домаќинот Молдавија.

Драмски театар Скопје со монодрамата „Кармен“ во која ликот на Кармен го игра Биљана Драгичевиќ – Пројковска, учествувал на десетина меѓународни фестивали и тоа во Грузија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија и Албанија како и на неколку гостувања во нашата земја.

Монодрамата „Кармен“ е создадена по мотив од романот „Пет часа со Марио“ од шпанскиот писател Мигел Делибес, а својата премиера ја имаше во мај 2021 година. Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, сценографијата на Валентин Светозарев, сценските движења на Олга Панго, костимографијата на Раде Василев, а музиката на Горан Трајковски.

Актерката Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата Кармен има добиено неколку меѓународни награди и признанија.

Поврзани вести