Skip to main content
Премиера во МНТ на 16 и 17 декември

Додека беше жив Горан Стефановски се договарвме да работиме негов текст, но тоа не се оствари, сега со „Замисли нов свет“ тој круг се затвора, вели режисерката Витошевиќ

„Замисли нов свет“, новата премиера на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) во режија на Нела Витошевиќ е закажана на 16 и 17 декември и претставува колаж од сцени од седум драми на Горан Стефановски. Станува збор за драмите „Црна дупка“, „Лет во место“, „Чернодрински се враќа дома“, „Диво месо“, „Сега му е мајката’ „Тетовирани души“, „Кула вавилонска“.

Земени се сцени кои се најпознати од неговото творештво, ставени се во постмодернистичка рамка, а како сврзно ткиво користени се сонгови искомпнирони од Огнен Анастасовски.

Во претставата играат: Игор Ангелов, Верица Недеска, Дамјан Цветановски, Филип Трајковиќ, Нина Деан, Ана Јовановска, Стефан Спасов и Антонио Ташковски. Сценографијата е на Константин Трпеноски, а костимите на Роза Трајчевска-Ристоска.

На мојата режисерка поетика не и непознато правењето колаж. Јас веќе ја користев во „Мојот маж“, „Антигона и Креонт“. Потешко е да споиш различни сегменти и да го најдеш клучот како да ги споиш, отколку да земеш еден драмски текст. Тоа е дел од постмодерната. Ова колажрање не е нешто ново. Мислам дека успеавме да најдеме некоја логична рамка и едноставно, тоа е постмодерната, изјави денеска режисерката Витошевиќ на прес-конфренцијата.

Витошевиќ кажа дека ја имала привилегијата Горан Стефановски да и биде професор по драматургија на нејзините магистерски студии и да ги следи неговите магични предавања.

Тој не зарази со театар. Ние луѓето кои се бавиме со театарската уметност сме заразени со неговите драми уште пред да тргнеме на факултет. Растени сме со тие текстови, со тие реплики, со тие монолози и мене ми претставува огромна чест затоа што конечн добив прилика да работам нешто од мојот професор . Додека беше жив се договаравме да работиме еден негов текст, тоа не се оствари и сега имам чувство дека тој круг се затвора. Ние тргнавме со Ана Ристоска, како што вели Горан Стефановски, јас сум драмски автор , јас сум раскажувач на приказни, јас живеам во повеќе светови но најмногу припаѓам на една земја која се вика театар. Тргнувајќи од таа појдовна точка сакавме да ја подвлечеме моќта на прикзната и моќта на театарот да создава нови поинакви приказни. Сцените кои ги одбравме ги споивме во една целина во која се испреплетуваат неколку теми, темата на себоспознавање и потрага по идентитет, потрага по тоа секој да ја најде својата приказна да ја преиспита и да биде спремен одноов и одново да ја создава. Темата на генерациски јаз и она што е крајно карактерстично за Горан, а тоа е да спторивставува, театарот да го направи како една арена во која се спротивставуваат различни гледишта.вели Витошевиќ.

За Игор Ангелов Горан Стефановски е актуелен, свеж, иако овие драми се пишувани пред повеќе од 30 години.

Живееме во град кој е најзагаден во свет, живееме во град во кој се рушат куќи и се градат нови згради, живееме во држава во која многу луѓе се отселени, неки мечтаат да заминат, некои да се вратат, луѓе кои го бараат интегритетот, идентитетот, вели Ангелов.

Претставата е копродукција со „Сектор филм“. Театарскиот проект „Замисли нов свет“ е инициран од Телеком, во рамки на иницијативата #НаправиМесто со која се адресираат предизвиците со кои се соочуваме како општество и се повикува за нивно надминување. По премиерата, „Замисли нов свет“ ќе биде на редовниот репертоар на МНТ.

Поврзани вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme BonuslarCasibom Girişcasibom güncel girişcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişBeylikdüzü Escort