Skip to main content

„Ден на дијаспората 2025“ ќе се одржи на 10 август во селото Цера

Фото: КИЦ Романса, Македонска Каменица

Културно-информативниот центар „Романса“ Македонска Каменица, денеска го најави одржувањето на традиционалната манифестација „Ден на дијаспората“, која ќе се одржи на 10 август (недела) во манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“ во селото Цера, со почеток од 11 часот.

Организатори на настанот се КИЦ „Романса“ Македонска Каменица, Општина Македонска Каменица и Здружението на граѓани при манастирскиот комплекс „Еленец“ – село Цера, со поддршка на македонската дијаспора.

Настанот, како што истакнаа организаторите, има за цел да ја одржува поврзаноста со македонските иселеници, да го промовира културното наследство и природните убавини на регионот и да создаде можност за заедничко дружење и празнување.

-Манифестацијата, која секоја година обединува жители и иселеници од Македонија и странство, е збогатена со културно-уметничка и забавна програма.

Посетителите ќе можат да уживаат во настапи на културно-уметнички друштва, музички изведби и дружење во природниот амбиент на манастирско-туристичкиот комплекс, информираа организаторите.