
Конструктивен состанок со директорот на фестивалот „Охридско лето“ Ѓорѓи Цуцковски и директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Билјана Стефаноска, информираа од АППТ
Целта – заедничка промоција на културниот туризам и претставување на „Охридско лето“ на интернационално ниво.
Културата е мост кон светот – заедно ја позиционираме Македонија како атрактивна туристичка дестинација!
Нашата заедничка визија: Македонија како водечка културно-туристичка дестинација.
На состанокот беа разгледани можностите за заедничка промоција на фестивалот на интернационални пазари, како и креирање интегрирани туристички понуди кои ќе го спојат културното искуство со туристичката атрактивност на Охрид и регионот.