
Концертната вечер во „Сурп Левон“ помина во впечатлива атмосфера, со внимателна публика, силно музичко присуство и младешка енергија. Просторот, акустиката и непосредноста на изведбата создадоа вечер која остави впечаток и надвор од самата концертна програма, информираат од македонскиот КИЦ во Истанбул.
Арда Мустафаоглу на пијано и Јаков Ангелов на виолина создадоа простор во кој публиката можеше навистина да слуша. Без дистанца, само музика, концентрација и возбуда којашто се појавува кога младите уметници настапуваат со целосна посветеност.
Благодарност до Арда и Јаков за искреноста и енергијата којашто ја донесоа на сцената. Благодарност до Асоцијацијата на Истанбулската филхармонија за довербата и соработката, и до Ерменската католичка црква „Сурп Левон“ за гостопримството и за просторот што на музиката ѝ даде дополнителна убавина.
А најголемата благодарност е до нашата верна истанбулска публика, која со своето присуство, внимание и топол прием секогаш им дава вистинска смисла на ваквите концертни вечери.
Вечерта заврши. Впечатоците остана.

Македонски


