
Софија– Македонската филхармонија, заедно со Софиската и Солунската филхармонија, вечерва во салата на НДК во Софија, ќе ја изведе сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф, под диригентската палка на маестро Најден Тодоров.
Овој проект беше договорен кон средината на минатата година по иницијатива на маестро Тодоров, како своевиден симбол на културната соработка во регионот. Како солистка ќе настапи нашата сопранистка со интернационалната кариера – блескавата Ана Дурловски, грчкиот тенор Николас Спанос и бугарскиот баритон Иво Јорданов.
Ана Дурловски, сопран пред вечерашниот концерт почочи дека уште на пробата се гледа убавата енергија.
Ова е пред се една таква срдечност меѓу колегите и секој со својот индивидуален сензибилитет придонесува за богатството на звукот, на музиката којашто гледате не спојува и на еден универзлен јазик сите убаво се разбираме и сите целиме кон возвишеноста на музиката. Што се однесува до мене, еднаш месечно би можеле да го повторуваме овој вид на перформанс со ваков склоп на уметници. Тоа е пожелно заради тоа што ние вака се збогатуваме на уметнички план и заедно правиме нешто грандиозно. Самата сала во НДК ветува настан на високо ниво и незаборавно искуство, рече Дурловски.