
Александар Ристевски од први април годинава е именуван за директор на Музејот на Македонија на местото на досегашниот в. д. директор Пано Серафимов.
Ристевски беше избран на конкурсот кој го распиша Министерството за култура и туризам во текот на месец февруари 2026 година. Тој доаѓа од НУ Национална галерија на РС Македонија во која работи повеќе од 16 години, како кустос-етнолог во Одделението за депо и документација, а претходно како соработник во оддлението за дизајн и маркетинг, објавија од Музејот на Македонија на социјалните мрежи.

Македонски


