
24-годишна прилепчанка со „опел“ удрила во повозрасна жена пешак при влез во катна гаража.
На 09.09.2025 во 10:40 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул„Сотка Ѓорѓиоски“ во Прилеп, при влез за катна гаража, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 24-годишната Ј.Д. од село Дрен, прилепско, удрило во 71-годишната Н.Г. oд Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Н.Г., констатирани во Градската општа болница Прилеп.