Skip to main content

Запалени станот и куќата на Зоки Фаци

Стефан Лазаров/ фејсбук

Во драматична објава на социјалните мрежи, јутјуберот Стефан Лазаров повика институциите итно да реагираат откако утринава, според неговите тврдења, за малку била избегната трагедија во Скопје – подметнати пожари на два различни објекти поврзани со семејството на починатиот Зоран Василевски – Зоки Фаци.

Како што наведува Лазаров, куќата во Катланово и станот во Ново Лисиче, во кои живеат сестрата и внуците на Зоки Фаци, биле цел на подметнат пожар од таткото на внуците, кој подолг период ги малтретирал и упатувал закани по живот. Според сведочењето, пожарот во зградата во Ново Лисиче избувнал во ходникот и имал потенцијал да се прошири кон училиштето „Лазо Ангеловски“.

Најтрагично, вели Лазаров, е тоа што жртвите подолго време пријавувале закани и насилство во полиција, но наишле на незаинтересираност. Цитиран е случај кога полицаец ѝ одговорил на сестрата на Зоки: „Аман, секој втор ден ли ќе се расправаме со вас?“

„Да не беа комшиите, трагедијата ќе беше уште поголема“, предупредува Лазаров, барајќи од медиумите и јавноста притисок за сторителот да биде соодветно санкциониран, бидејќи, како што посочува, случајот е дел од подолготраен образец на семејно насилство.

Осомничениот, според Лазаров, веќе е приведен и вечерва ќе се појави пред судија. Јавноста очекува соодветна реакција од обвинителството и судот, за да не се дозволи уште една трагедија поради институционален молк.