Skip to main content

Возач тешко повреден во Велес, удрил во бетонски скали

На 03.03.2026 во 09:40 часот во СВР Велес е пријавено дека на ул.„Сараевска“ во Велес, патничко возило „форд ескорт“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Н.(77) од Велес, удрило во бетонски скали од куќа, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот А.Н. , констатирани во Градска општа болница.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

Поврзани вести