Skip to main content

Возач избега по судир со мопед, мопедистот со тешки повреди во болница

Вчера во 08.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.З.(41) од Скопје, по што возачот со патничкото возило го напуштил местото на настанот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

Поврзани вести