Skip to main content

Во Косово уапсен Дритон Ибиши од кланот „Грчец“

Вчера во Косово бил уапсен Дритон Ибиши, 52-годишен маж од Скопје против кого има активна меѓународна потерница и за кој се верува дека е дел од криминалната група од Грчец.

Како што објавија дел од косовските медиуми, а пренесоа медиумите на албански јазик во земјава, на Ибиши веќе му се ставени лисици и за ова е известен тамошниот надлежен обвинител. Во полицискиот извештај се наведува дека Ибиши бил фатен на автопатот Приштина-Урошавац околу 17:30 часот.

Ибиши се наоѓаше во Каталонија, во притвор за друго кривично дело. Тој со години живее во Барселона и непознато е зошто заминал на Косово.