
Обвинителката Ана Стојковиќ на деншеното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски презентираше снимка која датира од 24.11 2023 година во раните утрински часови од дворот на обвинетиот Велибор Манев. На снимката се забележува Манев како внесува лопата во возилото „рено кангу“. На снимката го има Видевски, но не и Палевски. Ова е датумот кога Жежовски е веќе убиен, а е направен прв обид во Скопје да се грабне Вања Ѓорчевска.
Обвинетите на претходните рочишта се изјаснија дека се откажале од грабнување на девојчето бидејќи премногу луѓе тоа утро излегувале од зградата.