
Водостојот на реката Вардар во Скопје и понатаму е покачен до критичното ниво по обилните врнежи што ја зафатија земјава во изминатите денови. Од Управата за хидрометеоролошки работи предупредуваат на зголемена претпазливост при движење во близина на речното корито, особено на пониските и слабо осветлени делови покрај кејот.
Според најновите прогнози, и во следните часови нивото на реките ќе остане високо во Скопје и во горните делови на сливовите, иако се очекува постепено опаѓање во текот на ноќта.Во моментов во поголем дел од земјата има мешани врнежи, а со продор на студен воздух од север, дождот во попладневните и вечерните часови ќе преминува во снег. Најголем ризик од локални излевања и заезерувања има во западните и југозападните региони, каде врнежите подолго ќе се задржат како дожд пред да преминат во снег.

Македонски




