Skip to main content

Уште е активен пожарот кај Никуштак, можно е да се гаси од воздух

ЦУК

И натаму е активен пожарот кај липковското село Никуштак, информира попладнево директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али.

Во моментов на гасење на пожарот интервенира екипа на кумановската противпожарна единица со три противпожарни возила, а вклучени се и екипи на ЈП „Национални шуми“.

Во зависност од метеоролошките услови, велат од ЦУК, во текот на денот е можна и интервенција од воздух, со цел побрзо локализирање на пожарот.

Од терен директно ги координирам активностите на екипите и сите мерки за справување со ситуацијата. Екипите продолжуваат со максимален ангажман за спречување на ширењето на пожарот и за заштита на населените места и имотот на граѓаните – рече Али.

Поврзани вести