Skip to main content

Ученик од шесто одделение паднал од прозорец од 3 кат, завршил на Клиниката за детска хирургија во Скопје

Ученик во шесто одделение е повреден откако паднал преку прозорец од третиот кат на училиштето „Гоце Делчев“ во Прилеп, објави прилепскиот портал Маркукуле.

Ученикот веднаш бил префрлен во прилепската болница а од таму итно бил испратен и хоспитализиран во Клиниката за детска хирургија во Скопје.

Состојбата на детето е стабилна и детето е надвор од животна опасност, рекол за Канал 5 телевизија директорот на детска хирургија Лазар Јовчевски.

Детето има повреда на пршлените и скршеници на петиците на нозете. Неофицијално, несреќата се случила во втората смена на големиот одмор кога сите ученици биле излезени во дворот.

Поврзани вести