
На 25.05.2025 во 19.30 часот во Радовиш, полициски службеници ја лишиле од слобода С.А.(37) од Радовиш.
При претрес во нејзиниот дом и помошните простории, извршен со судска наредба, пронајдена и одземена е бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.