
Полицијата во Штип вчера во 17:05 часот го уапсила 60-годишниот Т.Ј. кој бил вработен во Клиничката болница-Штип како болничар откако допирал малолетничка од Радовиш, која била на пракса во болницата.
Од СВР Штип информираат дека Т.Ј. е задржан во полициска станица, а за случајот е запознаен јавен обвинител.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.