Skip to main content

Уапсен 34-годишник од Албанија на „Блаце“, бил баран со потерница за трговија со дрога

МВР

На 20.03.2025 на Граничен премин „Долно Блаце“, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода В.С.(34) од Република Албанија затоа што при пасошка контрола било констатирано дека за лицето е распишана меѓународна поерница од Интерпол-Германија за сторено кривично дело „трговија со дрога“.

Од Основен суд Скопје му е одреден 30 – дневен екстрадиционен притвор, по што е пренесен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје.

Поврзани вести