Skip to main content

Три лица повредени во сообраќајна несреќа на експресниот пат Три Чешми-Штип

На 13.10.2025 во 06:58 часот во СВР Штип е пријавено дека на експресниот пат Три Чешми-Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со кратовски регистарски ознаки, управувано од Д.Е.(44) од Кратово и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Б.(32) од Р. Турција, со привремен престој во Скопје.

Во несреќата со повреди се здобиле возачот В.Б. и неговите сопатници Ф.А.(27) од с.Долно Коњари и Б.Б.(30) од с.Средно Коњари, општина Петровец, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Штип.

Поврзани вести