Skip to main content

Тошковски: од 120.000 прекршоци во тест периодот на „Сејф сити“, сега се сведовме на 500

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, изјави дека е горд на имплементацијата на новиот систем „Сејф сити“. Тој изјави дека бројот на прекршоци драстично се намалил, односно од 120 илјади на почетокот од тест периодот, сега има само 500 прекршоци.

Тошковски кажа дека е завршено времето на дивеење и на брзо возење по улиците.

На почетокот на тест периодот, бројката на прекршоци беше 120.000, додека денес имаме прекршоци 500 до 600, 700 некој ден и 800, но далеку драстично помал број на прекршоци. Тоа се прекршоци за недозволена брзина, минување на црвено светло или со нерегистрирано моторно возило. Тие се тие прекршоци кои ги констатира системот. Во иднина ќе го имплементираме и за погрешно запирање и за погрешно паркирање. Нема човек кој управува моторно возило во Скопје и кој што не ги гледа придобивките од овој паметен систем. Го нема она дивеење по улиците, ги нема оние ненормални брзини, и тоа се гледа. Ја нема таа нетрпеливост. Бројките на сообраќајките се намалуваат, бројките на повредени и загинати се намалуваат, целта која сакавме да ја постигнеме и тоа како има одѕив од јавноста“, изјави Тошковски.

Поврзани вести