Skip to main content

Тошковски: Кривични пријави за 10 лица за запленетата марихуана во Србија, двајца се веќе во притвор

Во текот на денешниот ден се поднесени кривични пријави до ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, која опфаќа 10 лица, од кои двајца се веќе во притвор, а овие 10 лица се директно или индиректно поврзани со произведената дрога“, информира министерот за внатрешни работи Тошковски за ТВ 21.

Попладнево лицата се изведени пред судија на претходна постапка и за дел од нив е определена мерка притвор. Осомничени се дека учествувале во транспортот на марихуаната од Македонија за Србија.

Имаме основани сомненија дека тие лица се поврзани со транспортот на дрогата, која беше запленета во Србија“, изјави министерот Тошковски.

Поврзани вести