Skip to main content

Спроведена контрола на глисерите во Охрид: Од 16 лица кај 7 лица било  утврдено присуство на алкохол, а кај  двајца 1,17 и 1,07 промили алкохол во крвта

Во  заедничка контрола на инспектори од Капетанија на Пристаништа Охрид, Езерската полиција како и од Полициска станица Охрид, вчера се спроведени  зајакнати мерки и активности согласно Законот за Внатрешна пловидба во период од 14 до 20 часот, се вели во соопштението кое утрово го испрати Минiстерството за транспорт. Контролирани се 13 пловни објекти и 13 физички лица, при што се констатирани се 22 прекршоци според Законот за Внатрешна пловидба.

Алкотестирани биле  вкупно 16 лица од кои кај 7 лица било  утврдено присуство на алкохол, а кај  двајца 1,17 и 1,07 промили алкохол во крвта. За констатираните прекршоци изготвен и поднесен е соодветен службен материјал.

Капетанија на Пристаништа Охрид во соработка со Езерската полиција и во наредниот период ќе ги засили инспекциските контроли и затоа апелира навремено да се извршува регистрација на пловините објекти и строго да се почитуваат правилата и прописите за безбедна пловидба.

Поврзани вести