Skip to main content

Скопјанец усмртен на пешачка патека пред неговиот дом на Кеј, возачот на „кавасаки“ избегал без сопатникот

Фејсбук/Иван Кузмановски

Вчера околу 19.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на пешачка патека во близина на ул.„Ленинова“ во Скопје, мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, удрил во пешакот Ј.Н.(68) од Скопје, по што мотоциклистот го напуштил местото на настанот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, а со телесни повреди се здобил сопатникот од мотоциклот Х.И.(26) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Од здобиените повреди, Ј.Н. починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

На социјалните мрежи соседите се простуваат од чичко Југо, кој загина токму пред неговата зграда.

Поврзани вести