
Во голема полициска акција утрово во Скопје, се апсат сегашни и поранешни вработени во затворите кои работеле незаконски и формирале организирана криминална мрежа. Како што дознава „Република“, лицата опфатени со оваа акција се сомничат за повеќе криминални дејствија, меѓу кои и злоупотреба на службената положба и овластување, овозможување бегство на лице лишено од слобода, противзаконско ослободување на лице лишено од слобода и соизвршителство.
Според првичните неофицијални информации, меѓу осомничените е и поранешниот директор на затворот Скопје во Шутка, Филип Андов – Сокол и неговиот заповедник. Сашко Крстевски – Ѕверот.
Андов беше именуван за директор на Истражниот затвор Скопје во населбата Шуто Оризари во 2020 година, а претходно му беше советник на тогашниот премиер Зоран Заев за креирање политики кои се од посебен интерес за граѓаните на Град Скопје.
Пред тоа менаџираше локални барови и имаше еден неуспешен обид за угостител.