Skip to main content

Полицијата трага по сторителот: Запалено возило во Ѓорче Петров

На улица Струмјани во Општина Ѓорче Петров било опожарено патничко возило „тојота рав 4“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.П. од Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.

Случајот е пријавен рано утринава во СВР Скопје. Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот.

Поврзани вести