Skip to main content

Полицијата со средби со граѓаните на Дебрца за поголема заштита на шумите од пожари

СВР Охрид

Подигнување на јавната свест за потребата од заштита на шумите од пожари, беше темата на разговор што ја иницираше Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи од Охрид на неколкуте работни средби со советодавните групи граѓани од дебрчките села Ботун, Лешани, Злести, Велмеј, Белчишта, Оздолени, Средорече и Издеглавје.

Преку интерактивна комуникација со граѓаните од селата во атарот на Општина Дебрца е дискутирано за општите мерки за превенција и заштита од пожар во шумите и на вегетацијата на отворен простор, на посебните превентивни мерки и препораки за заштита на шумите од пожари, како и на потребата од зајакнати мерки, навремено информирање и координирано делување при појава на пожари.

Целосно е изгаснат пожарот што вчера попладне избувна меѓу охридските села Вапила и Расино, соопши Центарот за управување со кризи.

Од СВР – Охрид е посочено дека се изготвени конкретни оперативни планови за зајакнати мерки на превентивен, но и на репресивен план со цел, поцелосна и поуспешна заштита на шумите и засилена координација со други надлежни институции.

Нагласена е потребата од брзо известување за евентуално настанат пожар, во насока на навремена реакција на надлежните служби за негово локализирање и гаснење.

Поврзани вести