
Од МВР потврдија дека насилникот кој тепаше бремена жена и го пренесуваше насилството во живо на ТикТок е експресно приведен и однесен во полициска станица.
Вознемирувачкото видео се прошири на социјалните мрежи, а извори велат дека насилникот не ја малтретирал само бремената жена, туку и нејзините деца. На снимката се гледа како насилникот постојано ја пцуе и тепа жената за која се тврди дека е бремена.
На социјалните мрежи се шират и други видеа од истиот насилник кој ја малтретира бремената жена, против истиот веќе има активен судски спор бидејќи претходно малтретирал и друга жена.
Вознемирувачкото видео може да го погледнете тука.