Skip to main content

Починато бебе однесено во струшката болница

Freepik

Бебе старо два месеци без знаци на живот утрово било однесено на Детското одделение во струшката болница, потврди за МИА директорот на болницата, Владимир Бунчески.

Причините за смртта, според него, треба да ги покаже обдукцијата.

Во полициската станица во Струга, како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, утрово во 8 часот и 30 минути било пријавено дека на детското одделение во ЈЗУ „Општа болница“ во Струга, од страна на родителите од струшко село, било донесено нивното двомесечно бебе, без знаци на живот.

Од страна на медицинска екипа, било пристапено кон реанимирање по што, доктор педијатар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, врз телото, лекар од судска медицина извршил обдукција при што, не се констатирани траги на насилство. Полициски службеници од ОВР Струга, извршија разговори со родителите, а потоа и увид во нивниот дом – изјави Димоски.

Поврзани вести