
Полициски службеници од ОВР Пробиштип доцна синоќа лишиле од слобода 41-годишен жител на Пробиштип, кој управувал возило под дејство на алкохол.
Како што информира Министерство за внатрешни работи, на 29 јануари околу 23:40 часот на улицата „Кочо Рацин“, при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „ауди“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од Д.Г. (41).
По преземените мерки било утврдено дека возачот имал 2,66 промили алкохол во крвта, по што бил лишен од слобода.

Македонски



