Skip to main content

Пазете, се снима: Kамерите почнаа да ловат несовесни возачи

Министерството за внатрешни работи започнува со имплементација на проектот „Безбеден град“, со кој камерите од системот „Safe City“, поставени на главните сообраќајници, ќе детектираат и евидентираат сообраќајни прекршоци во реално време. Системот автоматски ќе го регистрира прекршокот и ќе испрати известување до возачот.

Камерите ќе идентификуваат низа прекршоци, меѓу кои пречекорена брзина, минување на жолто или црвено светло, неправилно престројување, возење со истечена сообраќајна дозвола, како и непрописно паркирани возила.

Во следната фаза е предвидено проширување на листата на прекршоци кои ќе ги детектира електронскиот систем.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски претходно информираше дека проектот прво ќе се тестира во Скопје и уште два града, а од наредната година ќе се спроведува на целата територија на државата.

Поврзани вести