Skip to main content

Палчо мавта со документи сред судница, оти на другите податоците биле во „ексел“, а неговите во „ворд“

Тензично е на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, каде својата одбрана ја излага првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо, кој сега влезе во расправија со обвинителството за она што е извадено од базните станици на обвинетите и жртвите.

Палевски пред судот мавташе со листови на кои наводно има празна телефонска комуникација од 22 и 27 ноември 2023 година.

Тој направи споредба дека дури 2800 податоци од базните станици се извадени од телефонот на Вања, а ниту една од неговиот мобилен.

Обвинителството имаше објаснување.

На ЦД се а не на УСБ бидејќи на ЦД не може да се вршат промени. Такви се доставени до судот, посочи обвинителката Јосифовска.

Конкретно, на 27.11 базните станици го регистрирале неговиот број кај Народна банка, Млин Балкан, банка во населба Аеродром и на уште неколку други места.

Како што тврди пак одбраната податоците биле на обичен ворд документ кој е подложен на промена, додека за другите се во ексел табели.

Ова е на цедиња доставено до судот-објасни обвинителката Стојковиќ.

Палевски уште еднаш побара од Телеком да се побараат податоците за да се утврди, како што вели, „кој ја говори вистината“.

Неговиот бранител Јовица Страшевски смета дека за неговиот број не постои ни една информација од базна станица.

Невозможно е за сите други да има а само за него да нема. Не знам зошто тоа Обвинителството го крие и не сака од Телеком ова да се побара, рече Страшевски.

Поврзани вести