
Апелациониот суд Скопје ја укина првостепената пресуда со која поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, беше осудена на две години затвор. Предметот е вратен на повторно судење пред Основниот кривичен суд Скопје.
Одлуката доаѓа по јавната седница одржана на 11 март годинава, каде судот ги уважил жалбите и на одбраната и на обвинителството поради суштествени повреди на постапката.
Во пресудата не било јасно утврдено за кои конкретни дејствија обвинетата е прогласена виновна, а за кои е ослободена, што претставува сериозен пропуст во постапката, се наведува во образложението на Апелација.
Со овој пресврт, предметот со сите списи е вратен во Кривичниот суд на 30 март 2026 година, каде целиот процес ќе треба да започне од почеток.

Македонски


