Skip to main content

Опожарени две возила „рено кангу“ и БМВ, интервенирале пожарникари

Пожар на две патнички моторни возила бил пријавен денеска кај фабриката Охис за што интервенирала единицата на Против – пожарната бригада на Град Скопје. Нема повредени.

-Во 13:20 мин. добиена е дојава за настанат пожар на две возила „рено кангу“ и БМВ на главниот влез пред фабриката Охис. Интевенирано е со едно против пожарно возило со тројца пожарникари. Интервенцијата е завршена во 14:10 минути. Пожарот првично е настанат кај возилото „рено“ на кое при движење му истекувало бензин од резервоар што е причина за пожарот за второто возило, изјави за МИА командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита, Звонко Томески.

Тој додаде дека од пожарот настаната е материјална штета на двете возила.

Во исто време денеска имало уште две интервенции на патнички возила. Како што информира командирот на ППБ, едното било на бул. Св Кирил и Методи каде било опожарено патничко моторно возило матиз, а другото патничко возило било на територијата на Општина Чаир.

Денеска имало интеревенција и на опожарена куќа во с. Буковиќ и на резервоари на бензиска пумпа во општина Бутел.

Интервенирале и на три опожарени контејнери за смет сопственост на ЈП Комунална хигиена, како и повеќе интервенции на отворен простор од с. Мирковци се до аеродромот кај Петровец каде исто е интервенирано на сува трева и грмушки.